петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 36

ВИДЕО: Како да јадете со кинески стапчиња?

kineski-stapchinja

Поврзани вести

Сите јадења од кинеската кујна се јадат со помош на стапчиња, па дури и оние што се течни. За да ја совладате техниката за јадење со стапчиња потребно ви е само трпение.

Најважное стапчињата да ги поставите во удобна положба што ќе ви овозможи да јадете со лесни движења на прстите. Традиционално стапчињата секогаш се држат во десната рака.

Првото стапче го придржувате со палецот и со врвот на домалиот прст, а другото стапче го поставувате помеѓу палецот и показалецот (како да држите молив). Додека ја земате храната можете да го користите и средниот прст за да го фиксирате стапчето.

Според правилото, стапчињата е потребно да ги фиксирате на средина со прстите, а храната секогаш да ја придржувате со самиот крај на стапчињата. За детални упатства погледнете го видеото:

Најчитани вести