ВИДЕО: Како да одгледувате лалиња во вазна?

Дали е возможно да одгледувате лалиња во вазна? Да, возможно е и тоа како. Следете ги овие едноставни чекори и до Велигден ќе имате сјајна декорација на вашата маса.

Доколку сте љубител на лалиња и ви е жал што не траат барем малку подолго, не треба да се грижите. Ова цвеќе можете самите да го одгледувате дома, и тоа не е проблем ако немате двор, затоа што ова цвеќе може да расте и во вазна.

Луковици од лалиња во вазна

Како да одгледувате лалиња во вазна?

Како да одгледувате лалиња во вазна?

Како да одгледувате лалиња во вазна?

Се што ви е потребно се луковици од лалиња во разни бои, вазна по избор и вода.

Првиот чекор е да ја наполните вазната со декоративни каменчиња и со школки за поубав изглед. Потоа ставете ги луковиците врз камењата и школките и ставете вода до половина од луковицата.

Вазната ставете ја на некое светло и топло место, на пример до прозорецот се додека лалињата не процветаат. Немојте да ја менувате водата во вазната, само внимавајте нивото на водата да одговара, односно, луковиците да не останат на суво.

Во следното видео проследете го деталното упатство за тоа како да одгледувате лалиња во вазна

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.