Видео: Како да украсите јајца со светки

Без премногу труд и неред во кујната овие светликави јајца ќе направат вашата трпеза да изгледа фантастично

Потребно е:

Јајца

Лепак

Четка за сликање

Светки

Постапка:

Премачкајте ги јајцата со тенок слој на лепак. За премачкување користете четка за сликање.

Посипете го цело јајце со светки.

Оставете го јајцето да се исуши (околу еден час)

Нанесете преку светките тенок слој на лепак, за светките да не испаднат од јајцето.

Откако повторно ќе се исуши, украсете ја корпата со светликави јајца.