(Видео) Како грижливата мајка горила донесе на свет новороденче

Прв пат по девет години вработените во оделот за примати во Зоолошката градина во Смитсонијан славеа доаѓање на свет на здраво, машко новороденче на западно низинска горила.

Малиот Моке се родил во неделата во една од најстарите зоолошки во САД, која е рамките на познатиот научен Институт Смитсонијан во Вашингтон. Името Мо-ке значи „малецок“ на Лингала јазикот, кој е карактеристичен за неколку држави во централна  Африка.

Мајката на Моке, Калаја има 15 години и во зоолошката е донесена во февруари 2015 година, откако научниците ја препорачале дека би можела да се приспособи на условите таму и да биде добра мајка. Таткото на малецкиот е 26 годишниот Барака.

Веднаш штом се породила, Калаја нежно до прегрнала бебето и го бакнала. Од зоолошката велат дека се внимателни во оптимистичките прогнози дека новороденчето ќе напредува, но во негова корист е грижливата мајка.

Секогаш постоеше можност Калаја да не се грижи за своето новороденче, па поради тоа нашиот тим работеше напорно шансите за тоа да бидат минимални- рекле од зоолошката.

Раѓањето на Мока ја враќа надежта во зачувување на овој загрозен вид горили.