ВИДЕО: Како ИСИЛ ги учи децата да убиваат и сечат глави

Исламистичката организација ИСИС сега се фокусира на регрутирање на нови членови, и тоа посебно на деца, а на интернет се поставуваат снимки во кои децата пукаат со автоматски пушки.

Едуцирањето на млади кадри и ширењето на идеологијата меѓу нив е една од основните цели кон која тежнее оваа екстремистичка група, која се шири од Сирија и Ирак.

Едно 13 годишно момче, кое зборуваше под услов да остане анонимно, објаснува како побегнал во Турција откако бил избран да го посетува кампот на ИСИС за млади терористи.

isil-deca-obuka-foto-printscreen-yt-1409817385-562101

„Моите другари и јас имавме часови во џамија. Тие не учеа дека треба да се бориме за џихад, за Исламската држава. Јас сакав да одам, но мојот татко не ми дозволи“, вели момчето кое се претстави како Мухамед.

Меѓутоа, откако му забранил на синот да оди да се бори за џихад, војниците на ИСИС дошле во нивната куќа и на таткото на Мухамед му се заканиле дека ќе му ја отсечат главата.

isail-deca-prinstkrin-1409821105-562131

Не можело на поинаков начин и момчето било пратено во камп.

Мухамед наведува дека ги терале секојдневно да маршираат, да го читаат Куранот и да учат да ракуваат со оружје, вклучувајќи да пукаат и со калашников.

isis-deca-printskrin-1409821548-562147

Децата неретко присуствувале и на монструмозни демонстрации на сила.

„Едно младо момче не постеше за Рамазан, па гледавме како го распнуваат. Телото го оставија да стои три дена. Видовме и жена која беше каменувана само поради тоа што извршила неверство“, вели Мухамед, кој има 13 години, дете чиј татко со тешки маки од извелкол од регрутен камп во Турција.

isil-obuka-deca-odsecanje-glave-1409819072-562109

Таткото на Мухамед неколкупати пробал да го извлече синот од ова место, но без успех.

„Тој е само дете, а тие сакаат да го претворат во бомбаш самоубиец. Му раскажуваат дека на тој начин ќе оди во рајот и слични работи“, вели таткото на Мухамед.

Тој додава дека децата мислат дека оружјето и војната се интересни работи и не ја сфаќаат тежината на ова што се прави.

isil-obuka-deca-odsecanje-glave-1409819072-562115

По неколку обиди таткот на крај успеал да го извлече својот син од кампот, по што со целото семејство морал да се пресели во Турција.

„Ја сакам мојата религија, бидејќи сум муслиман. Со татко ми одев во џамија и пред да се појави ИСИС. Меѓутоа татко ми ме учеше дека верата не е изговор за борба, туку е она што не учи на љубов и простување“, вели малиот Мухамед.