ВИДЕО: Како изгледа момченцето од фотографијата што го трогна светот

Данката Ања Рингрен Ловен, која со години им помага на децата во Нигерија на својот фејсбук профил објави фотографија од момченцето кое го посвои.

Детенцето било оставено на улица да умре, бидејќи неговото семејство го обвинило дека се занимава со црна магија. Беше во толку лоша состојба што е вистинско чудо што е живо, а телото му беше покриено со ларви.

дете1

Таа го нарече Хоуп (Надеж), а од објавената фотографија се гледа дека е во многу подобра состојба отколку кога беше најдено, па дури и се здебелило за некој килограм.

Кога првпат го гушнав мислев дека нема да преживее. Секој негов здив беше борба, а не сакав да умре без име и достоинство, па го нареков Хоуп“, напиша таа тогаш, меѓу другото, на Фејсбук.