Свет

ВИДЕО: Како Кинези делат зграда на два дела?

ВИДЕО: Како Кинези делат зграда на два дела?

Во кинескиот град Шенјанг експерти сосема прецизно преполовиле зграда, а тоа го направиле со контролирана експлозија.

Градежните работници рачно ги пресекле потпорните ѕидови кои што ги поврзуваат зградите, а потоа со контролирана експлозија срушиле една половина. Другата половина останала недопрена.

Работниците одлучиле на овој начин да ја срушат зградата, за да не ги оштетат другите згради кои што се наоѓаат во близина.

Бидејќи дел од зградата бил целосно срушен, на негово место ќе биде изграден модерен деловен комплекс во кој што ќе има забавен парк, хотел со пет ѕвезди, хипермаркети…