ВИДЕО: Како „Комитите“ ги вратија играчите од соблекувалната

Најверните навивачи на Вардар, популарните „Комити“ покажаа дека се со тимот и кога победува и кога губи.

По завршувањето на мечот против Кјелце и поразот од 22:20 најверните навивачи останаа на трибината и пееја песни давајќи им поддршка на своите ракометари.

Оние, кои веќе си заминаа во соблекувалната, изненадени од гласната поддршка на фановите, се вратија повторно да ги отпоздрават.

 

ВИДЕО: vardarfans.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.