ВИДЕО: Како манипулира Заев за аболицијата за „Глобал“?

По одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за поништување на аболицијата за 22 политички експонирани лица. Зоран Заев останува единствениот аболициран политичар во земјава.

Порталот „Курир“ пишува дека опозицискиот лидер веќе подолг период ја манипулира јавноста за аболицијата поврзана со случајот „Глобал“, бидејќи првиот човек на СДСМ се уште не побарал укинување на аболицијата.

Десетина дена откако беа донесени измените на Законот за помилување, со кои се овозможи досега аболицираните да побараат од шефот на државата да биде повлечено нивното помилување, а и од кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека сака да ја симне од себе аболицијата дадена и за случајот „Глобал“ од 2008 година, такво нешто се` уште не се случило.

Заев, чија политичка кариера ја одбележа токму чинот на помилување од Бранко Црвенковски во 2008 година, под притисок на јавноста минатата недела излезе со став дека ќе ја повлече аболицијата.

Од 2008-ма Зоран Заев бара повлекување на аболицијата, тогаш не ми беше дадена правна можност да ја повлечам аболицијата, ниту бев прашан за оваа работа. Сега имам правна можност и ја обжалив пред Апелација и пред Стразбир и аболицијата од 2008-ма година ако ми се даде можност веднаш ќе побарам да биде повлечена, или ако има било каква можност Ѓорге Иванов или било кој во оваа земја барам да биде укината, рече Заев на прес-конференција.

Наспроти ова, јавноста добро ја памети изјавата на Заев во 2008 година дадена веднаш по аболицијата од Бранко Црвенковски за криминал тежок 8 милиони евра. Заев тогаш рече дека немало да ја коментира одлуката на Црвенковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.