ВИДЕО: Како реагира Адел кога ќе ги заборави зборовите на песната?

Адел повторно стана хит на социјалните мрежи поради тоа што за време на концерт ги заборави зборовите на песната што ја пееше.

Таа брзо ја сфати сопствената грешка и се насмеа со пцовка. Адел е можеби една од најуспешните изведувачи на сите времиња, но не се плаши да признае дека понекогаш и таа прави грешки.

Таа веднаш ја сфатила сопствената грешка и престанала да пее, смеејќи се сама во себе, и на публиката и кажа: „ср…, погрешен текст… Почнав да ја пеам строфата.“

Публиката се смееше, аплаудираше и веднаш и’ оддаде признание на Адел, која иако речиси во се е супериорна, но сепак е човек. Погледнете ја видео снимката од тој момент.