ВИДЕО: Како реагира Мурињо кога ќе му подметнат за потпис дрес на „Челзи“

Жозе Мурињо дефинитивно раскина со Челзи. Португалскиот експерт и лондонскиот клуб  беа „во врска“ долги години, но по неговата последна епизода на Стемфор Бриџ, а подоцна и со преминувањето во Манчестер Јунајтед, љубовта меѓу нив исчезна.

Новиот тренер на Јунајтед отиде со своите играчи во Кина на првиот дел од подготовките, а по доаѓањето на стадионот некој се обиде за потпис да му подметне дрес од Челзи. Мурињо ги потпиша сите дресови на Јунајтед, а оној на Челзи само го прескокна.