ВИДЕО: Како сами да ги направите најмодерните балетанки со врвки

Најголем тренд сезонава, кога станува збор за рамните чевли и понатаму се балетанките. Посебно се актуелни оние со врвки, а ако сакате да го обновите вашиот стар удобен пар, еве како да ги претворите во хитот на сезоната.

За овие чевли не ви треба ниту многу време, а ќе имате модерни балетанки што сами сте ги преуредиле. Исто така, балетанките немора да бидат нови, може да бидат од претходните сезони, а самите ќе ги направите да бидат апсолутен хит за сезоната пролет/лето 2016-та година.

Деталното упатство погледнете го во приложеното видео: