Видео: Како се апсеше првоосомничениот од акцијата „Чекан“

Четириест и девет годишниот Ф.А. вчера утрото беше уапсен во својот дом, како првоосмничен во акцијата „Чекан“, која Министерството за внатрешни работи ја спроведе пред два месеци. Ф.А. беше уапсен и спроведен до Истражниот затвор „Скопје“.

При претресот кај Ф. А. се пронајдени околу 2.115 евра, околу 400 долари, околу 10 швајцарски франци, околу 12.140 денари, 1 пиштол, 7 куршуми, 2 мобилни телефони повеќе СИМ картички и 1 актовка со повеќе документи која е запечатена и истата дополнително ќе се проверува.

По Ф.А. се трагаше два месеци, откако успеа да избега при спроведувањето на акцијата „Чекан“.

Како што МВР претходно информираше, во акцијата “Чекан“ која е насочена за сузбивање на организирана криминална група која ги вршела кривичните дела – “злосторничко здружување“, “изнуда“, “лихварство“ и “перење пари и други приноси од казниво дело“, а дејствувала на подрачјето на западна Македонија. Кривични пријави беа поднесени против 19 лица од кои 18 од Гостивар и едно лице од Скопје, меѓу кои првоосмничен и организатор на групата е токму Ф.А. Меѓу осомничени беа и четири адвокати и еден извршител, а кривична пријава беше поднесена и против правно лице чии што сопственик и управител била сопругата на Ф.А.

Во периодот од 2008 година наваму групата делувала претежно на територијата на општина Гостивар, и преку финансиска анализа беше утврди дека првопријавениот, како главен организатор на криминланата група, успеал да пушти во оптек вкупно 862 298 евра пари “заработени“ на нелегален начин односно со “лихварство“. Исто така и при претресот во завршната фаза од акцијата беа запленети денарски и девизни средства (над 43.000 евра и над 12.000 швајцарски франци), дваесетина ПМВ, мобилни телефони, оружје, муниција и друго.