ВИДЕО: Како се паѓа на писта како професионалка?

Погледнете го видеото од ревијата на Марк Џејкобс во кое две манекенки докажаа дека ниту лизгавата писта неможе да ги попречи професионално да си ја завршат работата.

Во Њујорк се одржа ревијата на Марк Џејкобс и иако сите очи беа вперени во фантастичната нова колекција на славниот дизајнер, делот од вниманието на публиката го земаа и паѓањата на манекенките.

Судејќи според видеото од ревијата, по се изгледа пистата била мошне лизгава, затоа што дури две манекенки паднаа, но јуначки се кренаа и продолжија со нивната работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.