Магазин

ВИДЕО: Како Шон Пен реагира кога керка му излегла првпат со момче?

ВИДЕО: Како Шон Пен реагира кога керка му излегла првпат со момче?

Во текот на гостувањето во една емисија, актерот Шон Пен откри интересен разговор со додворувачот на својата ќерка, Дилан.

– Шеснаесет години ја чекав таа вечер. Тоа не беше нејзина вечер, тоа беше моја вечер. И реков, доколку не дојде на разговор со мене, нема да ја пуштам да излезе, изјави актерот.

Пен истакна дека му посочил на момчето на што треба да внимава, а потоа преминал на главната работа.

– Кога останавме сами му реков: „Колку и да поминуваш време со неа надвор, што и да правите додека сте сами, истото тоа ќе го правам и јас со тебе кога ќе ја вратиш дома“, додава Шон.