ВИДЕО: Како до совршено исцртани веѓи?

Веѓите не ви се како пијавици? Ако сакате да имате совршени веѓи, сепак постои решение, а се што ви треба е аголна четкичка за веѓи, пудра и молив за веѓи.

Обележете три точки: една на почетокот на веѓите, потоа на делот на веѓите што се наоѓа над надворешниот раб на зеницата и на крајот на веѓата. Со кратки потези поврзете ги точките и потоа повторете ги потезите користејќи молив.

Со пудра или со некоја светла сенка нагласете го капакот на окото, затоа што на тој начин ќе ја дефинирате долната линија на веѓите.