Видео: Како течеше акцијата „Чекан“

Министерството за внатрешни работи денеска ва Западна Македонија ја реализираше акцијата „Чекан“.

Во акцијата се уапсени поголема група која подолг период се занимавала со насилен криминал. Приведените се занимавале со лихварство, насилство и перење пари.

Меѓу нив има и познати адвокати и извршители кои и помагале на групата преку склучување фиктивни договори и слични малверзации.