Видео: Како вежбаат елитните единици на ИСИС

Од „инвазија од воздух“ врз сообраќајници до фитнес-тренинзи на градски плоштади, новото пропагандно видео на „елитните“ специјални сили на Исламска држава ја прикажува единицата во акција, пренесува Дејли мејл.

Комичното осумминутно видео ги прикажува како насилно влегуваат низ заклучени врати, како се спуштаа по јажиња по згради и како бизарно користат големи трупци за да се искачат по ѕидови.

И недостигот од вистинска воена база очигледно не ги спречува енергичните екстремисти да вежбаат со она што го имаат на непознатата локација на Блискиот Исток.

„Специјалните војници“ на ИСИС воопшто не се нешто што треба да ги загрижува противниците, тврди поранешниот припадник на британските специјалци САД Енди Мекнеб за Дејли мејл, а целото видео го опишува како „многу смешно“.

„Видете ги само како ги држат оружјата… Очигледно е дека дури ни обичните војници не треба многу да се загрижени поради овие момци“, кажал тој. „Ова пропагандно видео може да им послужи само за покажување сила пред локалната публика и за евентуално привлекување млади и неискусни луѓе во своите редови“.