ВИДЕО: Како вие би реагирале на ова – бебе ѓавол среде Њујорк

Вирално видео чие снимањето на многу Њујорчани им го скрати животот за неколку години, креирано е по повод хорор филмот „Детето на злото“, кој во кината пристигнува на 6 февруари, а е во дистрибуција на МЦФ МКД

Голем број Њујорчани се исплашија кога на улица здогледаа детска количка без надзор од родител, а целосно се ибезумија кога се доближија до количката и погледнаа одблизу во неа.

Од количката, со плачење скокнуваше бебе, кое навистина личеше на вистинско, но на минувачите кои се осудија да се приближат до количката, животот сигурно им се скратил за неколку години.

Вака изгледаше снимањето на провокативното промотивно видео за хорор филмот „Детето на злото“ зад кое стои познатата компанија „Thinkmodo“.

Истиот тим минатата година го креираше виралното видео за хорор филмот „Кери“ – „Телекинетичко изненадување во кафуле“, кое има преку 52 милиони прегледи и беше еден од најгледаните видео клипови на Јутјуб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.