ВИДЕО: Какво е чувството да живеете на висина од еден километар?

Саудиска Арабија и овој пат ќе го задржи приматот на земја со највисоката зграда во светот. Затоа и се наметнува прашањето како ќе им биде животот на оние кои своето време ќе го поминуваат на висина од над еден километар?

Највисоката зграда на светот ќе започне со изградба на почетокот на април. Станува збор за уште еден мегаломански проект за Гинис, вреден повеќе од една милијарда долари кој што ќе ја надмине  висината на Бурж Калифа во Дубаи.

Судбината на Кингдом кулата била неизвесна во последните три години. Проектот неколку пати наидувал на проблеми, а сега конечно е познат официјалниот почеток на изградбата.

Инвеститорите го избрале 27-ми април, а градежните работи ќе ги изведува компанијата „ЕЦ Харис и Маце“.

Кулата би требало да висока еден километаер, но уште не се знае одговорот на прашањето како животот на таква висина ќе влијае на луѓето кои што ќе живеат таму.

Дизајнерот на кулата, Адриа Гил, рекол дека на екстремни висина лифтовите мора да бидат дизајнирани така што ќе се движат побавно и ќе се „одмораат на средина“.