ВИДЕО: Калуѓерка победи на италијанската верзија на „The Voice“

Калуѓерката Кристина Скучиа е победник на италијанската верзија на шоуто „The Voice“.

Таа преку ноќ стана интернет сензација.

Нејзината изведба на песна од Алиша Кис веќе има 50 милиони прегледи на ЈуТјуб, а Кристина вели дека на овој начин го послушала повикот на Папата Францис за Католичката црква да им се приближи на обичните луѓе.