ВИДЕО: Кампања – Не се срамете од своето тело

Оваа симпатична буцка докажа дека тежината не е проблем да се биде активен, да се танцува, да се биде корисен и продуктивен, дури и започна кампања со мото „Не се срамете од своето тело“.

Витни Веј Тор  е радио продуцер од Северна Каролина која го смени мислењето за луѓето со прекумерна тежина.

Таа раскажува дека цел живот сакала да танцува но поради тежината се срамела, но со помош од својот колега таа ги покажа своите танцувачки спосбности и стана вистински хит и инспирација за многу луѓе во светот.  Таа страда од синдром на полицистични јајници, поради што почнала неконтролирано да крева на тежина.

Но оваа позитивна девојка не дозволува тоа да ја спречи да ужива во животот, па со овие инспиративни видеа сака на сите да им ја покаже својата самодоверба.