ВИДЕО: Канаѓанец ископал тунел во снегот за да ја види девојката

Дваесет и шестгодишен Канаѓанец стана популарен во соседството, но и во медиумите, откако самиот ископа тунел долг десет метри за да стаса до својата девојка.

Момчето, чија куќа и возило за неколку часа биле затрупани со снег, одлучило да копа тунел, користејќи само пластична лопата.
На Марсел Лендри му требале шест часа за да се пробие до паркингот, каде што го чекала љубената и да ископа премин висок два метра, а главна поддршка му била токму девојката која повремено му свирела од автомобилот за да го следи вистинскиот правец.
Градот Самерсајд во западниот дел на Канада беше еден од најпогодените места со снежни врнежи.