Спорт

Казнет оти плукнал девојче (Видео) Карагер супендиран од „Скај Спорт“

(Видео) Карагер супендиран од „Скај Спорт“

Легендата на „Ливерпул“ Џејми Карагер е суспениран од коментаторското мество на телевизискиот канал „Скај Спорт“ поради инцдентот што се случи викендов во Манчестер. Карагер, кој работи како стручен кокоментатор остро реагираше по сообраќајна расправија по натпреварот меѓу „Манчестер јунајтед“ и “Ливерпул“.

Поранешниот фудбалер на „Ливерпол“ се возел во автомобил кога почнал расправија со возачот на друг автомобил кој возел паралелно со него. Кога застанале на семафор Карагер го отворил прозорецот и плукнал кон другиот автомобил, во кој на совозачкото место седела 14 годишната ќерка на возачот. За несреќа на фудбалерот, возачот на другиот автомобил го снимал со мобилен телефон инцидентот.

https://www.youtube.com/watch?v=yAo6SNt4lLg

„Скај Спорт“ ги разбира овие работи многу сериозно и силно ја осудува постапката на Џејми. Тоа јасно му е кажано и беше суспендиран од неговите должности. Таквите постапки се под стандардите какви што се очекуваат од нашите луѓе- велат од „Скај Спорт“.

Карагер во неколку наврати се извини за својата постапка нарекувајќи ја момент на лудило.

– Тешко е да се објасни, разочаран сум и вознемирен. Се јавив на семејството, им се извинив, особено на девојчето. Најмногу жалам за девојчето што се најде во средиштето на конфликтот со татко и. Тоа што го направив е секако одвратно- изјави Карагер.