ВИДЕО: Кејт Мидлтон стана интернет сензација!

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам поминаа неколку дена во Њујорк.

Иако посетата беше кратка, имаше многу места кои мораа да ги посетат, а и да извршат одредени кралски должности. Меѓу нив беше и хуманитарната посета на детската болница во Харлем, каде Кејт завиткуваше подароци и се дружеше со децата.

Жената која стоеше до неа и порача на Кејт да не брза со завиткувањето, но Кејт не и возврати ништо, туку само низ блага насмевка ги преврте очите – и така стана интернет хит!

Може ли некој да и одолее на принцезата, па дури и кога е по малку симпатично дрска?!