ВИДЕО: Келнер се пробива низ поплавениот парк да ги послужи гостите

Ниту поплавите не му можат ништо на овој келнер. На друштвените мрежи кружи оваа снимка на која се гледа како угостителите продолжуваат со својата работа и покрај околностите.

Додека Белграѓаните уживаат во своето кафе покрај поплавениот насип, кутриот келнер, со гумени чизми, и послужавник во рацете се пробива до поплавениот парк за да ги послужи гостите.