ВИДЕО: Киднаперите на 2-годишното девојче снимени од надзорните камери додека бегале

Надзорните камери на една од зградите во населбата Браѓа Јерковиќ во Белград го снимиле моментот кога киднаперите на двегодишното девојче почнале да бегаат со возилото.

Некаде на третината од видео снимката, која трае околу три минути во кадар влегува сивиот автомобил, кој на раскрсницата се свртува и продолжува да се движи во правецот од каде дошол.

По ова камерата ги снимила станарите од зградата како веднаш продолжуваат на другата страна, претпоставувајќи дека киднаперите се упатиле натаму.