ВИДЕО: Киднапиран авион на Етипиан ерлајнс принудно слетал во Женева

Авион на Етиопиан ерлајнс денеска бил киднапиран на релацијата Адис Абеба – Рим, а подоцна принудно слетал на аеродромот во Женева. Швајцарската полиција известува дека едно лице е уапсено, а патниците и екипажот се добро.

Во авионот имало 200 патници и членови на екипажот, а авионот е киднапиран додека летал над Судан.

Полицијата извествува дека ситуацијата е под контрола, а за среќа никој не е повреен. Аеродромот во Женева по слетувањето на авионот во шест часот по локално време беше затворен. Истрагата е во тек а наскоро се очекуваат повеќе информации.

Како што јавува Ројтерс, авионот наводно бил киднапиран од луѓе кои барале азил и барале гаранција дека нема да бидат испорачани на етиописката влада. За сега овие информации не се потврдени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.