ВИДЕО: Ким Кардашијан и била слугинка и потрчко на Парис Хилтон

Ким Кардашијан пред да стане позната и била слугинка и потрчко на богатата наследничка Парис Хилтон.

И го средувала орманот и ѝ ги масирала стапалата, а за тоа добивала и плата.

Парис секаде со себе ја „влечкала“ старлетата Ким, денес најпозната по огромниот задник.

Заедно изглегувале по клубови кога Париз немала со кого да излезе.

Парис и Ким почнале да се дружат бидејќи имале мноштво заеднички работи, но пријателството било со краток век. Сега нивниот однос се сведува на тоа да не зборуваат ако случајно се сретнат некаде.