Свет

позитивни ветрови на корејскиот полуостров (ВИДЕО) Ким „нова историја“ на националното обединување

(ВИДЕО) Ким „нова историја“ на националното обединување

Северникорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави во вторникот, во текот на посетата на делегацијата од Јужна Кореја, дека има „цврста волја силно да ги унапреди“ врските меѓу двете земји и да „напише нова историја на повторното национално обединување“, извести севернокорејската службена новинска агенција KCNA.

„Кога од специјалниот претствник на јужната страна ја слушна намерата на претседателот Мун Јае-ин за самит, разменија ставови и постигнаа задоволителен договор“, објави KCNA по состанокот кој е одржан во понеделникот, без да се изнесуваат поединости за каков договор станува збор.

Агенцијата додава дека Ким Џонг-ун дал важни насоки за да се преземат конкретни чекори коишто ќе доведат до ублажување на воените тензии на Корејскиот полуостров и ќе отворат дијалог и соработка.

Десетина членови на јужнокорејската делегација предводена од шефот на Бирото за национална безбедност Чунг Еи-јонг ја посетија Северна Кореја во надеж дека ќе го поттикна меѓусебниот дијалог меѓу Северот и САД, кои во последно време ги зајакнаа тензиите во регионот, во прв ред со размена на воинствените пораки меѓу Пјонгјанг и Вашингтон.

Северна Кореја развива нуклеарно оружје и интерконтинентални балистички проектили кои може да ја достигнат територијата на САД кои се силно воено присутни на Корејскиот полуостров, а двете страни тврдат дека бараат дипломатско решении на кризата.

Јужнокорејската делегација се сретна со Ким Џонг-ун, неговата сестра Ким Јо-јунг чиешто влијание во последниот период јакне, и со сопругата на севернокорејскиот челник, како и со други функционери, потврди портпаролката на претседалскиот кабинет на Јужна Кореја. Додаде дека нивната посета на Пјонгјанг ќе заврши во вторникот по вториот состанок со севернокорејските функционери.