ВИДЕО: Кина го покажа својот носач на авиони

„Лиаонинг“ првиот оперативен носач на авиони на кинеската армија, денеска, впловил во заливот во Хонг Конг на одбележување на дваесет годишнината од преземањето со управување на овој регион на Кина, од претходното владеење на Велика Британија со него.

Кинеската армија го купила овој носач на авиони од Украина во 2012 година, кој тогаш бил недовршен. Изградбата на бродот потоа целосно била финиширана во Кина.

При впловувањето во Хонг Конг носачот „Лиаонинг“ бил придружуван од цела борбена фрегата на пловила.