(ВИДЕО) Кинеските спасувачи најдоа две тела на иранскиот танкер

Кинески спасувачки тим пронашол во саботата две теле на иранскиот танкер кој сѐ уште гори во водите на Источното Кинеско Море, објави кинеската новинска агенција Xinhua.

Четворицата спасувачи носеле маски за дишење при доаѓањето на танкерот „Санчи“ кој превезувал нафта. Телата се пронајдени на палубата и бројот на лицата кои официјално се прогласени за мртви сега изнесува тројца. Преостанатите 29 членови на екипажот и натаму се водат како исчезнати.

Спасувачката екипа ја принашла „црната кутија“ на бродот. Спасувачите се обиделе да дојдат до кабините, но не можеле да продрат поради високата температура од околу 89 Целзиусови степени на танкерот во пламен, наведува Xinhua.

Танкерот гори веќе една седмица по сударот со друг брод минатата сабота вечерта во Источното Кинеско Море. Десетинаи кинески и јужнокорејски спасувачки бродови со денови се борат со налетите на ветер, високи бранови и отровни гасови во настојувањата да спречат еколошка катастрофа и да ја утврдат судбината на исчезнатите морнари. Тринаесет бродови се вклучени во спасувачката операција и обидите со пена да се згасне пожарот.

Танкерот ѝ припаѓа на иранска компанија, а е регистриран во Панама. Се стравува дека бродот станува поранлив што подолго гори и дека може да експлодира и да потони. Горивото коешто ги превезува не е толку експлозивно, но е многу отровно за околината доколку се излие. Танкерот превезувал ултра лесен облик на нафта познат како кондензат кој е поопасен за природната околина од сировата нафта. На бродот имало 136.000 тони кондензат, што е еквивалент на милиони барели сирова нафта.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.