ВИДЕО: Кинезите ги бојадисуваат кучињата за да личат на панди

Кинезите имаат нов тренд – ги бојадисуваат кучињата за да личат на панди!

Сопственикот на „пет шоп“, Хсин Чен тврди дека не може да ја задоволи побарувачката на кучиња од расата чау чау кои се бојадисани и изгледаат како панди.

Слатките видови како францускиот булдог и лабрадорот биле фаворити, но сега вистински хит е панда кучето.

Чен тврди дека самиот е заслужен за оваа необична техника која обичните кучиња ги претвора  во панди и исто така додава дека техниката на бојадисување не е опасна за кучињата.