ВИДЕО: Кинезите за три месеци го изградија првиот автобус  – тунел!

Се сеќавате на автобусот-тунел кој Кинезите го измислија за да се избегнат гужвите на патиштата? Оној тип на дизајн каде самиот автобус е како тунел, а автомобилите се движат под него? Епа на Кинезите им беа потребни само три месеци за да го изградат.

„Transit Elevated Bus“ или скратено, TEB, започна како идеја за да се намалат гужвите во Кина, а сега веќе е направен првиот прототип.

Автобусот е повеќе од 7.6 метри широк и 22 метри долг, а од долу има простор од 2.1 метри висина, што е доволно за повеќето автомобили да поминат. Но, истото не важи и за комбињата и камионите.

Автобусот користи електричен систем и може да собере 300 патници. Се движи со брзина од 64 километри на час.

avtobus-tunel-2

Веќе беше направено првото тест возење на ова ново превозно средство, но истото нема да бидат пуштено во сообраќајот сè додека не се сигурни дека идејата е комплетно организирана и безбедна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.