Видео: Кире Лазаров, првиот македонец учесник на четири СП

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров за официјалниот youtube канал на мундијалот изјави дека очекува најдобро организирано светско првенство до сега.

Тој ги повика љубителите на ракометот да дојдат во оваа земја и да уживаат во магијата на оваа игра.

Претходно Лазаров учествуваше на светското првенство во Египет, во Хрватска каде беше најдобар стрелец и во Шпанија.

Тој е единствен македонски ракометар кој во јануари наредната година ќе учествува на четврто светско првенство, трето со капитенската трака на раката.