ВИДЕО: Китови снимени кај Ровињ

Група од најмалку 3 кита се појави во подрачјето околу хрватскиот туристички град Ровињ.

Луѓето кои ги забележале, ги фотографирале и снимале.

Членовите  на Институтот на истражување за заштита на морето објавиле на Фејсбук дека добиле фотографии од китови и предупредија за опасност од нивнио насукување.

Со оглед на тоа дека се работи за животни кои инаку се движат во подрачја во длабочина на 1.000 метри во плиткиот северен Јадран им се заканува опасност од насукување и смрт.

За да им обезбедат сигурен излез од Јадранот, ги повикуваат сите кои ќе ги видат да објават фотографии како би се дознала нивната локација на движење.

На страна од тоа китовите се безопасни за луѓето ако не им се приближуваат.