ВИДЕО: Ќе се снима порно филм во вселената

Филм за возрасни ќе биде сниман во вселената, каде нема гравитација.

Имено, во подготовка е мисијата на лет во вселената, која сигурно ќе бисе запишана во историјата и ќе ги помери границите во порно индустријата.

Називот на филмот е „Сексплорејшн“, а освен тоа што ќе биде прв од овој тип, ќе послужи и за истражување на човечкото тело и тоа како тоа реагира на секс во простор без гравитација.

Сепак, бидејќи ова е навистина скапа продукција, прво е потребно да се соберат пари за снимањето. Потребно е да се оспособи екипа за пат во вселената, да се купат костими и да се прилагоди опремата. Целиот трошок би изнесувал околу 3,4 милиони долари.

Продукцијата се надева дека овие средства ќе бидат собрани со помош на донација на фановите, за кои велат дека се добродојдени да учествуваат во менувањето на историјата и животот.

Главна актерка во филмот ќе биде Ева Ловиа, а нејзин партнер ќе биде Џони Синс.