ВИДЕО: Клинтон: Вонземјаните би го обединиле светот

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон откри дека е целосно опседнат со вонземјани.

Тој вели дека можеби инвазијата на вонземјаните би ја обединила планетата Земја која е разорена од војни.

-Можеби тоа е единствен начин како да се обедини овој наш разединет свет. Замислете како сите разлики би биле минијатурни кога би се заканил освојувач од вселената, рече Клинтон.

На прашањето на водителот дали на јавноста би и открил дека постојат вонземјани доколку дознае, тој кратко одговори „да“.