ВИДЕО: Кога Боно случајно се појавува при запросување

Клиф Хенри (30) внимателно испланирал како да ја побара својата девојка Фиона О’Хеир за сопруга, во текот на нивниот излет на Клин Хил во Даблин. Клиф организирал на ридот да ги чека бендот „Кивест“ и да ја изведе нивната омилена песна „Raglan Hill“ кога ќе стигнат до врвот.

Шокирана Фиона била импресионирана и збунета кога го видела нејзиниот омилен бенд, а потоа и шокирана кога по завршувањето на песната, Клиф клекнал на едното колено и ја побарал за жена.

Колку била изненадена сведочи и фактот што Клиф морал два пати да го постави прашањето пред таа да рече „да“.

Но, тогаш, уследило уште едно, непланирано, изненадување за Фиона, бидејќи тука случајно наминал пејачот на групата Ју-Ту, Боно (56), кој со сопругата шетал низ локалитетот.

– Немој тоа да го правиш, ние го знаеме, ти само што го запозна. Ова е интервенција, се пошегувал Боно. – Ако веќе морате, знајте дека бракот е активно лудило. Тоа е како да скокнеш од овој рид и тогаш да сфатиш дека не знаеш да леташ, додал на шега пејачот.