ВИДЕО: Кога брејкденс танчерка работи како стјуардеса

Додека патниците стрпливо чекале да заврши утоварот и авионот да полета, една стјуардеса решила да им го „скрати“ времето на чекање и да ги опушти оние кои чувствуваат нервоза пред летањето.

Имено, таа спонтано почнала да танцува на песна на Бруно Марс, со што ги воодушевила патниците, а некои од нив дури и добро се забавувале.

Оваа неовобичаена постапка на стјуардесата ја снимил еден од патниците во авионот, Сајмијан Кинг, кој потоа видео записот го објавил на Редит.

Кинг во објаснувањето на снимката наведува дека стјуардесата му е сестра, која пред да стане домаќинка во авионот, била танчерка на брејкденс.