ВИДЕО: Кога Џорџ Клуни ја запросил Амал и требале 25 минути да му каже „Да“

Можеби милиони други жени ниту една секунда не би размислувале ако случајно се најдеа на нејзиното место, сепак Амал Клуни се потрудила холивудскиот заводник добро да се препоти кога ја побарал за жена.

Тој во гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис, откри дека сакал да се ожени за Амал само по шест месеци откако почнале да се забавуваат, но дека нејзе многу не и’ се брзало:

Не беше тоа: „Оф, можеби би требало да се венчаме…“ ниту нешто слично. Се испланирав добро, внимавав да не го забележи прстенот додека ја подготвував вечерата. Таа кратко пред тоа допатува од Лондон и предложи да нарачаме нешто, но јас инсистирав да направам вечера…

Во позадината се слушна песната на мојата тетка Розмари Клуни, позната актерка и џез пејачка. Во еден миг ја замолив Амал да ми донесе запалка. Ја отвори фиоката и го здогледа блескавиот дијамант. Ми рече само: Тоа е прстен.

Тоа звучеше како некој таму да го оставил и го заборавил. Правев разни изрази со лицето за да сфати, а потоа клекнав:

Неможам да го замислам остатокот од животот да го поминам без тебе. И понатаму гледаше во прстенот, па во мене, а потоа одгвори: О Боже!

На крај и реков: Гледај се надевам дека одговорот е „Да“ и би требало да го слушнам колку е можно побрзо. Имам 52 години и секој миг би можеле да ми попуштат колената, а таа конечно одговори: „Да“.

Дури подоцна, по тоа колку траеше плејлистата со музиката во заднина, сфативме дека целиот процес траел дури 25 минути, рече Клуни.