ВИДЕО: Кога не знаеш дека си имаш работа со боксер

Тројца пијани Руси воопшто не претпоставуваа дека забавата во локалниот бар ќе заврши кобно за нив.

Не знаејќи што да прави со себе, еден од нив почнал да ѝ се додворува на девојка која стоела во близина. Кога го одбила, сите заедно се обиделе да ја одвлечат во ВИП просторијата. Во тој момент нејзиниот сопруг се вратил од тоалет и пресметката продолжила на улица.

Сопругот сакал на мирен начин да го реши проблемот, но на другите мажи тоа не им се допаднало. Но, не знаеле дека имаат работа со прославениот боксер Никојал Власенко. Само со по еден удар, тој двајцата ги сруши на земја. После тоа, дошол и третиот од групата. Тој доби неколку удари во глава, но успеа да се задржи на нозе.