ВИДЕО: Кога Папата ќе се налути

Папата Франциско е познат по неговото смирено расположение, а јавноста за прв пат можеше да види како изгледа кога предводникот на Римокатоличката црква ќе се налути, пишува „Дејли експрес“.

Папата беше во посета на Мексико, а неговото присуство беше поздравено од толпа верници кои што се собраа на еден тамошен стадион.

papa-ljut-2

Кога Папата се наведна за да бакне едно дете инвалид, луѓето од толпата почнаа да ја влечат неговата облека.

Само неколку мига подоцна некои се обидоа да го турната Папата кон толпата поради што тој падна врз детето во инвалидска количка.

Токму овој настан го налути Папата франциско кој вообичаено е познат по неговата блага и љубезна природа. Погледнете како изгледа кога Папата ќе се налути.