Свет

ВИДЕО: Кога првата дама на САД ќе фрли сенка врз шампионите

ВИДЕО: Кога првата дама на САД ќе фрли сенка врз шампионите

Кошаркарите на Мајами Хит минатата недела беа во посета на Белата куќа, а таа прилика ја искористија да учествуваат во кампањата на првата дама на САД, Мишел Обама.

Таа ја започнала акцијата „Let’s move“ која што има за цел да застане на патот на дебелината кај децата и сите да ги принуди малку повеќе да се движат, но и здраво да се хранат.

 

Така Леброн Џејмс, Двејн Вејт, Реј Ален и Крис Бош снимиле кратка видео снимка со првата дама на САД, а интересно е тоа што Мишел успеа покрај нив да биде најголема ѕвезда.