ВИДЕО: Кој е оригиналниот крај на филмот „Згодна жена“ ?

Идеалната тежина нема врска со вагата, туку со изразот на лицето

Џулија Робертс и Ричард Гир, 25 години по снимањето на култниот филм „Згодна жена“ откриваат дека филмот не требало воопшто да има романтичен крај!

Актерите во гостувањето во ТВ емисијата „Тудеј шоу“ открија дека филмот првобитно бил мрачен.

Џулија Робертс појаснила дека филмот првично требало да се вика „3.000“, која е сумата што Едвард Луис (Ричард Гир) и ја понудил на проститутката Вивен за нејзините услуги за една недела.

Според оригиналното сценарио Вивен била наркоманка, а Луис на крајот на филмот требало да ја врати на улица од каде ја земал на почетокот на филмот. Во последната сцена Гир требало да ја исфрли Робертс од автомобилот и низ прозорецот да и фрли купче пари.

Инаку филмот Згодна жена од 1990-тата година е еден од комерцијално најуспешните филмови од 90-тите години со заработка од 4, 6 милиони долари, а денес се смета за еден од најуспешните филмови од тој жанр.