ВИДЕО: Кој се може да аплицира за субвенциониран кредит за изградба на нова куќа?

Пред присутните млади лица на трибината на Павел Шатев денеска детално беше објаснето кој се може да аплицира за субвенциониран кредит за изградба на нова куќа.

Веќе десеттина дена може да се аплицира за проектот купи куќа за млади. Од канцеларијата на министерството за финансии велат дека интересот е огромен. Сега сите бараат соодветна локација на која ќе го градат својот нов дом.

Условите велат се повеќе од примамливи бидејќи државата покрива дури 80 отсто од ратата во првите 8 години.