ВИДЕО: Која е оваа вештерка?

Холивудската актерка, Анџелина Џоли, излегла од вообичаените рамки и поради своите деца снимила малку поинаков филм.

Во римејкот на познатата бајка „Заспаната убавица“, Анџелина ја толкува улогата на лошата вештерка која фрла клетва врз младата принцеза откако ќе се боцне со иглата веќе никогаш да не се разбуди.

Сега имаме прилика да ја видиме во трејлерот на филмот во кој што Анџелина се појавува како лоша вештерка, а ќе ја видиме и малечката Вивиен Џоли Пит која за прв пат ќе заплива во водите на актерството.

Премиерата на филмот „Maleficent“ се очекува на 30-ти мај.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.