Магазин

ВИДЕО: Кокошја забава на автопат во Кина

ВИДЕО: Кокошја забава на автопат во Кина

Десетина кинески полицајци се измачија додека да се обидуваа да фатат илјадници кокошки кои побегнале од превртен камион на еден автопат. Повеќе од 3.000 од овие домашни птици излегле на слобода по сообраќајна несреќа во југозападната провинција Гуизоу.

Сепак, полицајците успеале да заловат околу 900 кокошки од автопатот и грмушките во околината и ги вратиле назад во нивните кафези.