вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 32

ВИДЕО: Колдплеј и Бијонсе на удар на критиката

KRITIKI

Последни вести

Колдплеј и Бијонсе снимија видеозапис во Мумбај, а социјалните мрежи се преполни со негативни коментари.

Групата Колдплеј го објави видеозаписот за вториот сингл од актуелниот албум „A head full of dreams“.

Станува збор за песната „Hymn for the weekend“, која Крис Мартин ја отпеа со Бијонсе и за која е објавен видеозаписот снимен во Индија минатата година.

Спотот е преполн со танчерки, индиски обреди, асоциација на Боливуд (Бијонсе во спотот е боливудската глумица Рани, А Крис Мартин оди во кино да го гледа нејзиниот филм), што не им се допадна на Индијците кои мислат дека видеозаписот би можел да изгледа подобро.

Како „Милионер од гетото“, е еден од коментарите на Твитер, додека другите ги напаѓаат членовите од бендот дека можеле да бидат поинвентивни, – „не е Индија само Боливуд и децата од предградијата, голтачи на оган“, а на интернет може да се наде и следниот опис на спотот – „Колдплеј отпатувале во Индија и нашле гладни деца и Сонам Капур (боливудската глумица која се појавува во спотот).

Најчитани вести