четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

(ВИДЕО) Комитетот за справување со кризи ги посети повредените полицајци

Тодорв, Чавков и Јолевски го посетија лекарскиот пункт на терен каде имаа средба со повредените полицајци. Повредени се вкупно 24 припадници на безбедносните сили, 23 полициски службеници и еден припадник на АРМ. Четворица од повредените се задржани на опсервација во болница поради потрес на мозокот.

Комитетот за справување со кризи ги посети повредените полицајци

Комитетот за справување со кризи ги посети повредените полицајци

Последни вести

Министерот за здравство Никола Тодоров, како раководител на управувачкиот комитет за справување со кризи вчера заедно со заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков и со министерот за одбрана Зоран Јолевски остварија посета на македонско-грчката граница каде се поставуваше жичена ограда за насочување на мигранти до пунктовите за регистрација и хуман третман.

Тодорв, Чавков и Јолевски го посетија лекарскиот пункт на терен каде имаа средба со повредените полицајци. Повредени се вкупно 24 припадници на безбедносните сили, 23 полициски службеници и еден припадник на АРМ. Четворица од повредените се задржани на опсервација во болница поради потрес на мозокот.

povredeni

Повредените припадници на безбедносните сили на членовите на комитетот им кажаа дека мигрантите фрлале со големи камења кон нив. Оштетени биле и голем број штитови и друга опрема.

Најчитани вести